Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска до Собранието поднесе барање за автентично толкување на членот од Законот за следење на комуникациите, за јасно да се утврди како Советот за граѓански надзор како да ги користи средствата предвидени со Буџетот и да се откочи неговата работа.
За да биде прифатено автентичното толкување потребно е двотретинско
мнозинство, за што Кирацовски бара поддршка од сите пратеници во Собранието.
– Како главен проблем нотиран од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој досега требаше да најде начин да ја откочи работата на Советот е ставот 2 од членот 53 од Законот заследење на комуникациите кој гласи: Финансиските средства за работа на Советот се обезбедуваат од Буџетот, кој според претседателот е
недоволно јасен за тој да може да им ги предаде средствата на Советот
за да може да ја врши својата работа – рече Кирацовски.
Средствата, според него, се веќе предвидени стојат замрзнати, а со тоа и работата на Советот, кој е формиран пред една година, а е составен од претседател и шест членови. Треба да ја следи работата на ОТА, на АБН и други институции.