Изабел дос Сантос, најбогатата Африканка, е обвинета за неколку кривични дела

Адвокатот Хелдер Пита Гроз изјави дека обвиненијата се однесуваат на времето кога Дос Сантос била претседателка на државната нафтена компанија „Сононгол“, што ја раководела 1,5 година од јуни 2016 година.

292

Најбогатата жена во Африка, поранешната прва ќерка на анголскиот претседател, Изабел дос Сантос, и официјално е обвинета за серија кривични дела, меѓу кои се измама, проневера и перење пари, како и тргување со влијание, јави Би-Би-Си.

Адвокатот Хелдер Пита Гроз изјави дека обвиненијата се однесуваат на времето кога Дос Сантос била претседателка на државната нафтена компанија „Сононгол“, што ја раководела 1,5 година од јуни 2016 година.

Таа водела и неколку други анголски јавни претпријатија и имала удели во групации во Португалија, особено во банкарскиот сектор.

Покрај Дос Сантос обвинети се и неколку други лица.

Пита Гроз уште доддаде дека по обвинетите ќе биде издадена меѓународна потерница, доколку во законскиот рок не се јават пред анголските власти.

Обвиненијата против Изабел дос Сантос беа откриени во неделата во документите на Луанда Лејкс, што ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...