Дуковски: Боки прави испитувања за рак, ако му се случи нешто ќе поднесеме кривични

1953

Бранителот на Боки 13, Сашо Дуковски, денеска откако беше одложено рочиштето за „Рекет“ рече дека ќе поднесе кривични пријави поради влошената здравствена состојба на неговиот клиент и откри дека на Јовановски му се вршат и медицински испитувања за тоа дали има карцином.

– Сами можете да заклучите каква е здравствената состојба на Бојан Јовановски кога 55 пати е носен на здравствени интервенции. За напоменување е дека пред неколку дена му се земени примероци од неколкуте чирови во неговиот желудник, за да се види дали можеби станува збор за карцином. Сите лекари се сложни дека треба да биде на строг хигиенски режим, а тоа не може да се спроведе во затворот „Скопје“ – рече Дуковски.

Тој додаде и дека Јовановски е дискриминиран, бидејќи само тој бил во притвор, а Катица Јанева била во куќен притвор.

– Јавно кажувам доколку нешто му се случи на Јовановски ќе бидат поднесени неколку кривични пријави – рече адвокатот Дуковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...