Ирена Фрчкоска, адвокатка на обвинетата во „Рекет“ Катица Јанева и бранителот Дељо Кадиев и денеска не дојдоа на рочиштето затоа што биле болни. Фрчкоска доставила документација според која имала отворено боледување поради што судијката ја праша Јанева дали ќе ангажира други адвокати или да и бидат доделени по службена должност.
– Јас имам бранители – рече Јанева на прашање на судијката.
Доколку адвокатите на Јанева не дојдат на презакажаното рочиште во понеделник, судијката рече дека ќе и бидат определени бранители по службена должност затоа што во случајов има осуденик во притвор и рочиштето не може да се одлага во недоглед.
Судијката повторно ја праша Јанева дали ќе ангажира други адвокати.
– Не би сакала да бидам погрешно сфатена, одлуките се ваши, одлучете вие – рече Јанева.
Судијката Васка Николовска Масевска рече дека на 21 јануари стасало барањето за одлагање на рочиштето од Фрчкоска, заедно со медицинска документација и известување за отворено боледување. Адвокатот Дељо Кадиев информирал дека од 8 јануари е на болничко лекување.