Повеќе од три децении, вниманието на јавноста е насочено кон принцевите Вилијам и Хари, а честопати се заборава дека тие се само двајца од осумте внуци на кралицата Елизабета Втора.
И додека целиот свет се тресе со треска наречена „Меган и Хари“, најстариот внук на кралицата Питер Филипс (42), син на нејзината ќерка Ана и капетанот Марк Филипс, се појави во кинеска реклама за млеко.
Питер позира со чаша млеко во рекламата, а во позадина се наоѓа куќа која неодоливо потсетува на Лонглит, Вилтшир.
Рекламата предизвикала големо внимание на јавноста. Некои велат дека Питар го користи својот кралски статус за да ја „зголеми својата сметка“, други коментираат дека не можат да чекаат да го пробаат „кралското“ млеко.
Пред 12 години, Питар се ожени со Канаѓанката Отум Кели, а фотографиите од свадбата ексклузивно ги продале за еден светски портал. Тие се запознале во 2006 година на автомобилски трки во Монтреал. Првично, таа не знаела дека е член на кралското семејство, таа го открила дури кога го видела на телевизија на церемонија во британската палата.
Петар никогаш немал кралска титула, наводно затоа што неговата мајка, принцезата Ана никогаш не сакала па затоа има слобода да се појавува во реклами и лично да поддржува одредени производи и компании, додека таа можност членовите на кралското семејство со титула ја немаат.