Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс погоди тројка во последната секунда ноќеска на натпреварот со Индијана за водство од 3-2 во победи во првата рунда од НБА плејофот.
„Кралот“ средбата ја заврши со 44 поени, 10 скока и осум асистенции и е најзаслужен што Кливленд се наоѓа на чекор до полуфиналето во Источната конференција.
Во слична ситуација се наоѓа и Торонто по триумфот над Вашингтон, додека Оклахома избегна елиминација од Јута и намали на 2-3 по победата остварена рано утрово со 107:99.
Конференциско полуфинале на Запад обезбеди Хјустон кој ноќеска беше поуспешен од Минесота и со вкупни 4-1 во победи оди во следната фаза.