За период од месец и неколку дена 20-годишно лице во Шуто Оризари, извршил шест тешки кражби, се вели во соопштението на Основното јавно Обвинителство Скопје. Пет кражби осомничениот ги извршил со кршење или провалување, а една на дрзок начин.
– Осомничениот 20-годишник делата ги извршил во периодот од 29.11.2019 до 06.02.2020 година. Притоа, провалувајќи во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари одзел вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, цигари и алати. Еден мобилен телефон вреден 45.000 денари одзел и при џепна кражба, исто така во Шуто Оризари”, информираат од скопското Обвинителство.
Меѓу другото во соопштениево се вели дека се работи за лице кое и претходно е осудуван за исти кривични дела. Заради овие причини и со оглед околностите дека осомничениот би можел да се крие или да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.