Заврши главната расправа за „Змиско око“

182

Главната расправа за случајот „Змиско око“ е формално завршена, откако на денешната главна расправа беа дадени завршните зборови од сите 53 обвинети и нивните бранители.

Од Основниот кривичен суд, информираат дека за овој предмет биле формирани и десет други раздвоени предмети за кои исто така во изминатиот период биле дадени завршните зборови од странките, со што формално е завршена главната расправа, која прв пат, по прием од надлежниот судечки совет, е насрочена во јануари 2018 година, откако со одлука на Апелациониот суд Скопје предметот беше вратен на првостепено одлучување.

– Заради обемноста на изведениот доказен материјал и завршните зборови, судот дополнително ќе закаже термин за објава на пресудата за која странките и јавноста ќе бидат дополнително известени – информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...