Милошоски: Што правеле Шекеринска и Филипче кај Боки 13, слушале плочи од осумдесетите?

941

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување на телевизијата Алфа за случајот „Рекет“ вели дека не верува во тоа оти Катица Јанева, поранешната шефица на СЈО рекетирала сама, без поддршка од високи функционери на владата на СДСМ.

– Парадоксот овде е што главниот актер во случајот „Рекет“ и главниот актер којшто на некој начин го дескридитриа и го девалвира СЈО, институцијата која што многу граѓани кои гласа за Заев, полага надежи, правда и правичност е Катица Јанева, а не Боки 13. Тој е дел од извршителите, таа е главниот плејмејкер и не можела Катица Јанева да била толку ефикасна во рекетирањето доколку немала толку висока и сигурна поддршка од челници од владата на Република Македонија. Ние имавме сега на сведочењето изјави и еден министер тоа го кажа дека кај Боки 13 на гости дома оделе видни министри, бил министерот за здравство Венко Филипче, бил неколку пати министерката Шеќеринска и други претставници и градоначалници од СДСМ. Што правеле тие, слушале плочи од 80-тите и разговарале со Катица Јанева и со него за некои други теми. Затоа сметам дека најголем одговорност за пропаст на проектот СЈО е токму на актуелната власт која што го злоупотреби СЈО за свои политички и материјални цели – вели Милошоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...