Тројца функционери Адеми, Нухиу и Емрули под истрага на тетовското обвинителство

595

Основното јавно обвинителство од Тетово води истрага против тројцата државни функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 33 од Кривичниот законик објави  порталот факултети.

– Се води постапка против тројцата државни функционери за злоупотреба на службената положба и овластување. Предметот е во фаза на предистражна постапка – вели во изјава за поралот обвинителката Драгослава Поповска.

Како што потсетува факултеи.мк, просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе пријава до Управата за финансиска полиција за тројцата функционери, за кои тврди дека добивале хонорари од Тетовскиот универзитет за настава додека работните места им биле во мирување.

Илиевски за сите постапки го информира и народниот правобранител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...