Кривична за момче од Сингелиќ, поседувал пиштол без дозвола

151

Вчера околу 18 часот  во населба Сингелиќ извршен е преглед врз лицето Б.А (29), по претходно добиени оперативни  сознанија од страна на полициски службеници од СВР Скопје. При извршениот преглед кај истиот е пронајдено огнено оружје пиштол кое го поседувал без дозвола, по што извршен е претрес и во домот каде што престојува лицето.

На 21.01.2020 година од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицето Б.А поднесена е кривична пријава во брза постапка за кривично дело по член 396 од КЗ на РСМ ,,Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи,,.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...