Гранди: Милиони луѓе може да ги напуштат своите домови поради климатските промени

Во пресудата се наведува дека ако постои непосредна закана по вашиот живот поради климатски промени, по вонредна климатска ситуација, и ако преминете граница и заминете во друга земја, тогаш не треба да бидете вратени назад бидејќи ќе го ризикувате вашиот живот, исто како во војна или во случај на прогон, објасни Гранди.

267
Filippo Grandi

Светот мора да се подготви за бегалски бран, бидејќи постои можност повеќе милиони луѓе да ги напуштат своите домови поради влијанието на климатските промени, предупреди денеска високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.

Гранди, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека пресудата на ОН која е донесена вчера значи дека земјите кои прифаќаат мора да се однесуваат кон оние кои бегаат поради климатските промени, како кон бегалци.

– Во пресудата се наведува дека ако постои непосредна закана по вашиот живот поради климатски промени, по вонредна климатска ситуација, и ако преминете граница и заминете во друга земја, тогаш не треба да бидете вратени назад бидејќи ќе го ризикувате вашиот живот, исто како во војна или во случај на прогон, објасни Гранди.

Тој додаде дека светот треба да биде подготвен на голем бран луѓе, кои се преселуваат против своја волја.

– Не сакам да зборувам за конкретни бројки, тоа се премногу шпекулации, но секако станува збор за милиони тука, истакна високиот комесар на ОН за бегалци. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...