Божиновски: Барам ослободителна пресуда, СЈО го спакува „Шпион“ без ниту еден доказ

1351

Денеска, се одржа рочиште на раздвоената постапка во случајот „Шпион“ против обвинетиот Зоран Божиновски, на која обинителството и одбраната изнесоа завршни зборови.

Пресудата е закажана за 11 февруари 2020 година.

Одбраната, во завршен збор, рече дека очекува ослободителна пресуда за овој „обвинителен акт започнат далечната 2009 година врз основа на претпоставки и паушални наводи и хипотези“, кој се водел со многу прекршувања во постапката и без да се даде ниту еден материјален доказ, за што обвинетиот без пресуда минал 777 дена во притвор во соседна Србија, врз основа на отворена меѓународна потерница за делото.

Обвинетиот Божиновски, во завршен збор, рече дека не бил соочен со ниту еден доказ и дека целиот предмет бил спакуван од СЈО без да се дозволи увид во доказите.

– На ниту едно од повеќе од 80 рочишта не добив увид во ниту еден материјален доказ против мене и обвинителството цело време се повикува на таму некаде изведени докази и дадени изјави. Не видовме ниту еден мој спорен навод за напишан текст. Повикаа сведоци за кои велеа дека се уценувани од мене, а не покжаа дека се оштетени. Барам ослободителна пресуда – изјави Божиновски.

Обвинителството, во завршен збор, рече дека биле изнесени докази со кои се потврдил обвинителниот акт и поврзаноста на Божиновски и Ефремов во делото „шпионажа“, додека делото делото „уцена“ останува во обид и не е потребно да настане штета, бидејќи не успеале да го добијат парите од Минчо Јорданов и Драган Даравелски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...