Папата Франциск ги повика влијателните учесници на Светскиот економски форум во Давос во центарот на јавната политика да ги стават луѓето, а не профитот.
Во писмено обраќање, папата ги потсети делегатите на „моралната обврска во центарот на јавната политика да го стават човекот, а не само стремежот за власт или профит“.
– Форумот претставува сцена на која „политичката волја и меѓусебната соработка можат да бидат насочени и зајакнати за надминување на изолационизмот, индивидуализмот и идеолошката колонизација која, за жал, ја карактеризираат премногу современата дебата – вели папата Франциск.
Во Давос, папата е претставуван од кардинал од Ватикан.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI