Родителите до своите отуѓени деца: Ве сакаме, ве гушкаме и ве бакнуваме

1495

Првпат Македонија денеска, со протестот на стотина луѓе попладнево пред Собранието, го одбележа 25 Април – Светскиот ден за борба против родителско оттуѓување.

– Наши отуѓени деца, ве сакаме, ве гушкаме и ве бакнуваме – порачаа нивните родители и роднини од пред Собранието, организирани преку граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод. 
Еден од присутните татковци, Атанас Илиев, рече дека својата ќерка не ја видел седум години, откако нејзината мајка ја однела во Србија. Последен пат ја чул ќерка си лани во август.
Додека траеше протестот, насобраните преку Скајп добија поддршка од

Хрватското и од Српското здружение за заедничко родителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...