Шилегов денеска ќе го разреши директорот на Дрисла

159

Градоначалниот на Скопје, Петре Шилегов, денеска во 14 часот ќе ги достави документите до Централен регистер за разрешување на директорот на „Дрисла“ Горан Ангеловски.

Шилегов ова го изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека ќе назначи в.д. директор на депонијата, но не сакаше да го каже името на новиот директор.

Шилегов вчера на прес-конференција го објави дека Депонијата „Дрисла“ со решение од Централен регистар станува јавно претпријатие на Град Скопје.

– Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како ваш градоначалник – рече вчера Шилегов.

По седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари ќе бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...