Научници од Универзитетот во Кардиф: Лекот за ракот, најверојатно, е во човековото тело

2206

Тим научници од Универзитетот во Кардиф во Велс, открија начин за уништување на ракот на простата, гради, бели дробови и на други органи. Откритието е објавено во списанието „Нејчр имунолоџи“.

Наодите сѐ уште не се тестирани на пациенти, но се нагласува дека откритието има огромен потенцијал, иако е во рана фаза на истражувањето.

Имуниот систем природен одбранбен механизам од инфекции кај човекот. Како што изјави д-р Гери Далтон, научниците дојдоа до сознанија дека Т-клетките во крвта, веројатно се природна заштита и од појава на рак и тумори.

– Овде имаме шанса – секој пациент да биде излечен. Доскоро се веруваше дека тоа е невозможно. Овие наоди ги зголемуваат можностите за лекување на рак, оти Т-клетката е способна да уништи различни видови рак кај луѓето – истакна истражувачот Ендрју Суел.

Засега, истражувањето е тестирано само на животни во лабораториски, а пред да прејдат на луѓето, на научниците би им биле потребни уште одреден број безбедносни проверки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...