Се породи најпознатата плус-сајз манекенка ФОТО

Ешли Греам ја објави радосната вест на својот Инстаграм-профил.

997

„Плус сајз манекенката Ешли Греам и нејзиниот сопруг, Џастин Ервин, станаа родители на момче, а Ешли на обожавателите веста им ја пренесе преку Инстаграм.

32-годишниот модел се породи во сабота, а во понеделникот ја сподели новоста на Инстаграм.

„Во саботата нашите животи се променија на подобро. Им благодарам на сите на љубовта и поддршката за време на овој неверојатен период“, напишала во објавата.

Ешли и нејзиниот сопруг се венчаа пред пет години, а до бракот живееле во целибат, за еден на друг да си докажат дека имаат доверба и дека се посветени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...