Паричка во чест на рок-групата „Квин“

134

Британската Кралска ковачница издаде комеморативна метална паричка во чест на рок-групата „Квин“, и на покојниот пејач Фреди Меркјури.

– Ова е еден ‘кој би рекол’ миг. Имаме монета од нашето кралство, вредна пет фунти, изработена од Ковачницата. На едната страна е кралицата (The Queen – Елизабета Втора), а на другата е „Квин“ (Queen, групата). Тоа никогаш досега не се случило – изјави гитаристот на групата, Брајан Меј.

Сите британски монети и банкноти го содржат лицето на монархот.

Новата паричка е издадена во златен и сребрен дизајн и го има логото на бендот и инструментите на кои тие свират: Бекстајн клавирот на Фреди Меркјури, гитарата на Меј, тапанот на Роџер Тејлор и бас-гитарата на Џон Дикон. Цената варира од 13 фунти за сребреникот до 2.100 за златникот.

Ова е прва паричка од планираната серија „Музички легенди”, соопшти Кралската ковачница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...