Пратениците ќе го разгледуваат предлог-законот за контрола на опојни дроги

Пратениците ќе расправаат за Дополнетиот предлог-закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во државава, во второ читање, како и за измените и дополнувањата на повеќе предлог-закони, меѓу кои Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, Законот за приватните агенции за вработување, сите по скратена постапка.

205

Собранието на Република Северна Mакедонија денеска на пладне ќе ја продолжи 130-та седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.

Пратениците ќе расправаат за Дополнетиот предлог-закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во државава, во второ читање, како и за измените и дополнувањата на повеќе предлог-закони, меѓу кои Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, Законот за приватните агенции за вработување, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и Предлог-законите за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување и по Договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, и двата по скратена постапка.

Пратениците ќе дискутираат и за Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Предлог-законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование, како и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, сите во прво читање.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, во прво читање, Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух, поднесена од група пратеници од опозицијата, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, во прво читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...