Десетмина загинаа на Богојавление во црква во Етиопија, се урна дрвена трибина

198

Најмалку десет луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени денеска откако дрвена трибина за гледачи се урна за време на православниот христијански празник Богојавление во етиопискиот град Гондар, соопштија локалните здравствени власти.

– Досега имаме десет загинати. Бројот на повредените е 100, а можеби и 150 лица, истакна еден лекар во универзитетската болница во Гондар.

Се стравува дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...