Систем за производство на кислород од Месечева прашина

Минатата година беше објавен научен труд за тоа како да се извлече кислородот од т.н. реголит – материјалот од Месечевата површина, а сега Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе се обиде тоа да го претвори во пракса. Евентуален успех би значел создавање трајни бази на нашиот природен сателит, а подоцна и колонизирање.

115
ФОТО: МИА

Иако Месечината нема атмосфера, таму всушност се наоѓа голема количина кислород којшто е помешан со прав и е во облик на оксид.

Минатата година беше објавен научен труд за тоа како да се извлече кислородот од т.н. реголит – материјалот од Месечевата површина, а сега Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе се обиде тоа да го претвори во пракса. Евентуален успех би значел создавање трајни бази на нашиот природен сателит, а подоцна и колонизирање.

Околу 40 до 45 отсто од Месечевиот реголит е сочинет од кислород.

– Можноста од добивање кислород од ресурси од Месечината очигледно би можела да биде од огромна корист за идните патувања таму. Но, и за дишење и за производство на ракетно гориво – изјави Бет Лома, хемичарка од Универзитетот на Глазгов и соработник во разработката на новата технологија што ќе се тестира во Европскиот вселенски истражувачко-технолошки центар (ЕСТЕЦ) во Холандија.

Долгорочната цел на овој проект е создавање систем што би можело да функционира и на Месечината.

– ЕСА и НАСА се враќаат на Месечината со човечки екипаж, но овојпат целта е подолг престој. Во таа смисла, работиме на технологија со којашто ќе може да се користат ресурсите од Месечината и која ќе го овозможи тој подолг престој. Идејата е да создавање бази на Месечината и, можеби еден ден, и на Марс – нагласи Томазо Гидини, раководител на Одделот за конструкции, механизми и материјали при ЕСА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...