Поранешната на Дикаприо роди трето дете за три години ФОТО

Ова е трета бременост во последните три и пол години, а таа се пофали со новата принова на социјалните мрежи.

833

Бар Рефаели (34), израелски модел и поранешна девојка на Леонардo Дикаприо (45), го роди своето трето дете, кое го доби со бизнисменот Ади Езра. Ова е трета бременост во последните три и пол години, а таа се пофали со новата принова на социјалните мрежи.

„Вака изгледа вистинскиот ГЛАМ. Трето дете за три и пол години, животот е прекрасен“, напишала Рефаели на својот Инстаграм-профил. Манекенката и претприемачот се венчаа во 2015 година во Израел, веќе следната година станаа родители на девојчето Лив, а во октомври 2017 година ја добија ќерката Ел.
Инаку, во јануари минатата година, манекенката беше осомничена за затајување данок. Таа, наводно, криела 6,1 милион долари од израелските власти меѓу 2006 и 2012 година.

„Таа е под истрага веќе со години, беше приведена на испитување пред четири години, но досега не се покренати никакви обвиненија“, пишува „Ерусалим пост“.
Додека беше во врска со Дикаприо од 2006 до 2007 година, Рефаели лажеше за нејзиното место на живеење. Таа им рекла на американските власти дека е жител на Израел, а на даночните службеници во Израел да живее во САД. Така, таа успеа да затаи 3,5 милиони долари.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...