Црногорската тенисерка Данка Ковиниќ се најде на исто место со Рафаел Надал, во вежбалница во Австралија. Направи видео од тоа и го објави на Инстаграм.
– Вака Рафа изведува истегнување – прокоментира Црногорката.
Имено, на снимката, додека таа се истегнува на само неколку метри од него, Надал за цело време гледа во својот телефон.