Над 4.000 граѓани не можат да се пензионираат поради изгубена документација во ПИОМ

За периодот од 1992 до 1996 година Фондот не располага со архивирани документи за доставените М пријави, со што е оневозможено потврдување на внесениот стаж и основицата за платен придонес.

1436

Вкупно 4.210 работници кои имаат возраст за пензија, не можат да го остварат целосниот износ на пензија бидејќи во лавиринтите на институциите се изгубил дел од нивниот стаж. Неговото собирање е тешко да се реализира бидејќи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има дупка во архивската документацијаза одредени години. Фирмите, пак, во кои работеле овие граѓани се ликвидирани и нема документација која може да послужи да се потврди стажот. Дополнително Фондот нема да може да наплати над 170 милиони евра долг од неплатен придонеси поради застареност.

Ова го констатира државниот ревизор во Извештајот за ревизијата на Фондот за 2018 година.

„За периодот од 1992 до 1996 година Фондот не располага со архивирани документи за доставените М пријави, со што е оневозможено потврдување на внесениот стаж и основицата за платен придонес. Од 2011 година Фондот презел активности за дигитализација на ролни и складирање на документите во електронски медиуми преку електронски оператор. Од вкупно 2.549 микрофилмски ролни до сега се дигитализирани само 32 проценти и преостануваат уште 1.316 ролни со околу 7.100.000 документи“, стои во извештајот.

Равизорот утвдил и дека Фондот поради лошата комуникација со другите институции е неажурен поради тоа исплаќал пензии на починати лица и инвлаидски пензии на лица кај кои не е утврдена инвалидност. Исто така, Фондот доцни и со постапките за донесување решенија за пензионирање на лица кои живеат во странство и поради тоа исплаќа високи износи кои ја загрозуваат неговата финансиска положба.

Ревизорот утврдил и дека околу 12.103 лица иако уплаќаат придонеси во 2018 година не биле пријавени во вториот пензиски столб поради невалидни пријави и направени грешки при пополнување на обрасците поради законскиот критериум за распределба вграден во електронскиот систем на Фондот, а тоа е датумот на прво вработување (по 01.01.2003 година).

„ На 31.12 2018 година вкупниот износ на неидентигфикувани и неалоцирани уплати изнесува 111.407.000 денари, бројот на констатирани нерегистрирани осигуреници изнесува 12.103 лица, а состојбата на уплатен придонес од потенцијалните осигуреници изнесува 918.534.000 денари односно 14.936 илјади евра без износот кој требало да биде уплатен на индивидуалните сметки на корисниците“, стои во Извештајот.

Ваквата состојба, констатира ревизорот влијае одреден број на осигуреници да не се во можност да ги остварат правата од пензиско осигурување со што тие немале приноси.

Ова, како што се наведува, треба да се надмине со предвидената корекција во 2019 година.

Ревизорот утврдеил и дека Фондот има побарувања од 2008 година, по основ неплатен придонес во износ од 10.764.398.000 денари (175.030.861 евра) кој изнесува 83 отсто од вкупните побарувања и поради застареност нема да може да го наплати.

Во извештајот се наведува дека корисниците на најниска и највисока пензија зависно од годините во кои се пензионирале земаат различен износ на пензија. И затоа ревизорот препорачува соодветното министерство да ги преиспита законските решенија и да го воедначи износите за исплата на најниските и највисоките пензии поради социјална праведност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...