Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ќе донира за децата од „Медена земја“ и ги повика колегите пратеници и владата да донираат.
– Со голем интерес го проследи повикот за донирање на децата од „Медена земја“, и потребата за средување на покривот на куќата за Атиџе, во Дорфулија, споделен од новинарот Фуркан Салиу. Веднаш одлучивме да се приклулиме кон донаторите и ги повикуваме колегите да го следат нашиот пример. Воедно, бидејќи владата во вторник има седница истото го очекуваме и од министрите и замениците министри. Апел за донирање праќаме и до компаниите и до сите кои имаат можност за тоа, соопштија независните од ВМРО-ПМНЕ.
Линк за донирање:
https://honeyland.earth/donate-for-the-honeyland-kids