38 романи во конкуренција за „Роман на годината“

Годинава во жирито за наградата се Николина Андова-Шопова (претседател), Милован Стефановски, Весна Мојсова-Чепишевска, Славе Ѓорѓо Димовски и Катерина Богоева (членови).

120

За наградата „Роман на годината“ за 2019-та конкурираат 38 дела, соопшти Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ која ја доделува наградата.

Годинава во жирито за наградата се Николина Андова-Шопова (претседател), Милован Стефановски, Весна Мојсова-Чепишевска, Славе Ѓорѓо Димовски и Катерина Богоева (членови).

„Жирито на својот конституитивен состанок констатираше дека годинава се одликува со мошне богата романсиерска продукција што се огледа и во фактот дека на годинашниот конкурс се пријавија дури 38 романи“, соопшти Фондацијата која наградата ја доделува во соработка со Град Скопје, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ а.д.

Во трка за наградата се романите:

1. „Молчи со отворена уста“ – Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или -Или“

2. „19.“ – Верица Ацеска, „Прозарт“

3. „Александар и Клеофила“ – Паскал Гилевски, „Панили“

4. „Кафез за душата “ – Јован Дамјановски, „Дијалог“

5. „ Временската енигма“ („Експеримент 51“, II дел) – Методија Диневски, „Култура“

6. „Ноќта кога ја напуштив Прага“ – Јован Илиевски, „Култура“

7. „Под друга капа“ – Владо Јаневски, „Магор“

8. „Црна шума“ – Симеон Јанков, „Ми-Ан“

9. „Ѓаволска наметка“ – Љубомир Јовановски, „Култура“

10. „Живеј го животот со восхит“ – Катарина Јовчевска, „Академски печат“

11. „Тие мили мали слатки дечиња“ – Антонио Карабелов, „Антолог“

12. „Како станав Амадеус“ – Трајче Кацаров, „Силсонс“

13. „Како избравме американски претседател“ – Александар Сашко Кукулев, „Полица“

14. „Правта на библиотеките“ – Митко Маџунков, „Три“

15.„Последна граница – Истапени сечила“, Зоран Милошевски, „ПНВ Публикации“

16. „Мрежата на Мамли“ – Блаже Миневски, „Матица македонска“

17. „Пагански времиња“ – Драги Михајловски „Просветно дело“

18. „Песот со тажен поглед“ – Оливера Николова, „Матица македонска“

19. „Сивиот плоштад“ – Сашо Огненовски, „ПНВ Публикации“

20. „Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“

21. „Дваесет и четири часа“ – Милијана Павловска, „Култура“

22. „Излегов“ – отец Пимен, самостојно издание

23.„Вампирџија“ – Владимир Плавевски, „Арс Ламина“

24. „Краста на душата“ – Владимир Плавевски, „Магор“

25. „Вилино“ – Винка Саздова, „Три“

26. „Последните денови на Ханс“ – Михајло Свидерски, „Или -Или“

27. „Блесок на пролетта“ – Катерина Серафимовска, „Култура“

28. „Цариградски емигрант“ – Луан Старова, „Три“

29. „Дијалози во еднина“ – Ана Стојаноска , „Култура“

30. „Ќерката на дрвосечачот“ – Наде Стојилковиќ, „Сакам книги“

31. „Пустинско рандеву“ – Снежана Крстевска-Стојковиќ, „Просветно дело“

32. „Алиџан“ – Јусуф Сулејман , „Антолог“

33. „Години од слама“ – Братислав Ташковски, „Панили“

34. „Сестра Касијана“ – Добре Тодоровски, „Матица македонска“

35. „Аб’т – роман длабок 18 метри“ – Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“

36. „Вергина“ – Јана Узунова, „Или -Или“

37. „Ура, Арал“ – Тања Урошевиќ, „Темплум“

38. „Девет приказни за госпоѓица Сит“ – Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

Жирито ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, а наградата ќе му биде врачена во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21-ви пат. Ја востанови и доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“.

Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...