Албанија рекордер во регионот по број на затвореници на 100.000 жители

Во Европската унија, просечниот број на затвореници на 100.000 жители е 116, што според Евростат, е најниска стапка од 2000 година.

94

Албанија се рангира меѓу земјите со најголем број осудени лица за кривични дела во Западен Балкан,во однос на бројот на популацијата.

Според Евростат, во Албанија има 197 затвореници на секои 100.000жители, рангирајќи се на четвртото место во Европа, по Литванија, Чешка и Естонија.

По Албанија е Црна Гора со 179 затвореници. Во Србија, бројот на затвореници на 100.000 жители е 153, а потоа следува Северна Македонија со 146 затвореници, додека Косово со 90 затвореници на 100.000 жители.

Во Европската унија, просечниот број на затвореници на 100.000 жители е 116, што според Евростат, е најниска стапка од 2000 година. Во унијата, најголем број затвореници има во Литванија 231 затвореник, а потоа следува Чешка со 209 и Естонија со 206 затвореници на 100.000 жители.

Во Франција, Австрија и Германија, бројот на затвореници е помал од просекот на ЕУ, или 103, 100 и 79 затвореници на 100.000 жители. Во Италија и Грција, бројот на затвореници на 100.000 жители е 97 односно 93.

Меѓу државите членки, најмал број затвореници е забележан во Исланд, каде според Евростат бројот на затвореници е само 38 на секои 100.000 жители. Потоа се рангираат државите од Северна Европа, при што Финска има само 56 затвореници, Шведска 57 и Данска 59 на 100.000 жители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...