Почина 19-годишно момче од Сараќино кое беше повредено во сообраќајка на 16 јануари

822

Почина 19-годишниот Бојан Смилески, еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје. Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

СВР Тетово во четвртокот информираше дека сообраќајната несреќа се случила кај месноста  „Tребошки натпатник“. Се судрија товарно возило „мерцедес“ со тетовски таблички управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса”. Сега починатиот Бојан беше сопатник во корсата, а повреден беше и неговиот другар Мартин Бошкоски, роден 2001 година, исто од Сараќино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...