Утре без струја делови од Драчево и од Ѓорче Петров

374

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од населбата Драчево во општина Кисела Вода, како и делови од  општина Ѓорче Петров.

Како што соопштија од ЕВН, утре, од 08:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од  дел од улиците: „Иван Хаџиниколов“ ( поранешна „Ратко Митровиќ“), „Скендербег“ и  „Радое Дакиќ“  во нас.  Драчево. Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од   дел од  улиците: „Ибе Паликуќа“, „Кичевска“ и „Зејнел Ајдини“, општина Ѓорче Петров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...