Почна состанокот на Димитров и Коѕијас со Нимиц

230

Во канцелариите на ОН во Виена попладнево почна средбата на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц.

Двете министерства и македонското и грчкото, на нивните официјални Твитер профили објавија фотографии од средбата.

Засега нема формални најави колку ќе трае средбата и дали по неа ќе има изјави за медиумите.

Премиерот Заев денеска изјави дека очекува да биде направен исчекор на средбата во Виена.

– Има напредок кој ни дава причина да веруваме дека може да се направи исчекор и сега, во Виена, да ја искористиме секоја можност за приближување кон конечното решение. Верувам дека креативноста на двајцата министри, тимовите зад нив и јас и Ципрас од другата страна даваме поддршка и охрабрување за да се изнајдат конструктивни и креативни решенија кои буквално ќе ги задоволат двете страни во нивните очекувања и ќе бидат достоинствени за двете земји и нивните граѓани – рече Заев.

Во пресерет на новата рунда рзаговори за името се огласи и грчката Влада преку портпаролот Димитрис Ѕанакопулос. Рече дека Атина во преговорите направила отстапки, и сега е време и Скопје да ги направи неопходните чекори за постигнување договор.

Посочи дека Грција има два јасни услова: прво сложено име и второ важење на името ерга омнес, нешто за што предуслов е модификација на уставното име на соседот.

Грчките медиуми ја карактеризираат денешната средба во Виена како клучна и решавачка. Новинарите кај јужниот сосед, потсетуваат дека дека разликите остануваат непроменети, а насјпорен е опсегот на името што ќе биде договорено.

И претходната средба во ист формат беше одржана во Виена на 30 март. Во меѓувреме Коѕијас и Димитров имаа билатерални средба на 12 април во Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...