Сопственик на лажен профил со фотографии и име на актерот Игор Цамбазов на фејсбук се обидувал да ги измами своите „пријатели“ барајќи им пари за наводни хуманитарни донации.
За измамата се дозна преку објава на офцијалниот профил на фејсбук на познатиот актер и водител.
„Пред извесно време бевме извесени дека некој го злоупотребува името и делото на Игор Џамбазов. Иако беше обjавено на почетокот на месецот за овој случај, сепак, профилот е сè уште активен. Затоа ве замолуваме да го пријавите лажниот лик кој има за цел да изнуди пари за наводно собирање донации“, стои во објвата на официјалниот профил на Џамбазов.