Триесетгодишниот охриѓанец Петар Рупески од населбата Варош годинава по петти пат го фати крстот во Охрид, на манифестацијата по повод православниот празник Водици.
Тој и годинава беше најсреќен меѓу стотици верници што се фрлаа по Светиот крст во водите во Охридското Езеро.
Настанот во Охрид го следат неколу илјади локални жители, но и туристи од земјава и од странство, а таму се и лидерите на двете најголеми партии – Зоран Заев (СДСМ) и Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ).
Градоначалникот на Охрид КОстадин Георгиевски прв му го честиташе на Рупески фаќањето на крстот.