Со вкупен резултат од 2:0 во сетови ( 25:22; 25:15), во финалниот натпревар одигран во малата сала на Спортскиот центар „ Борис Трајковски“, одбојкарките од ООУ „Петар Поп Арсов“ ги победија основките од ООУ „ Владо Тасевски“ во големото финале, и со тоа станаа овогодинешни одбојкарски шампионки во општинските училишни лиги.
Претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, им го подели победничкиот пехар на шампионките, и медалите и дипломите на останатите најдобропласирани екипи. Најкорисен играч во оваа натпреварувачка сезона е Николина Наумова од „Петар Поп Арсов“, а најталентирана ракометарка е Ивона Божиновска од „Владо Тасевски“. Најдобар играч за оваа година е одбојкарката Ива Чадиковска од „Владо Тасевски“. Бронзениот медал го освоија одбојкарките од „Димо Хаџи Димов“.