Без вода утре од 10 часот можно е да останат корисниците на Скопска ПИВАРА, дел од Булевар „Александар Македонски” и населбите Ченто, Маџари, Хиподром и Трубарево.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека утре ќе се работи на уличен дефект од ф700 милиметри без затворање на вода на Бул. „Александар Македонски” бб ( ЕСТ – Када ) пред влезот на АСУЦ „Боро Петрушевски”, но, доколку има потреба ќе се затвори водата од 10 часот се до завршување на дефектот.