Осумдневен притвор за Емил Јакимовски поради опасност од бегство

558

Осумдневен притвор за Емил Јакомиовси којшто се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, одреди судот. Судија на претходна постапка определи притвор од опасност од бегство, но и можност за повторување на делото.

Обвинителството го сомничи за три кривични дела, загрозување на сигурноста од член при вршење семејно насилство), загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5.

Одлучувајќи по предлогот на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево определи мерка притвор во траење од осум дена за лице осомничено за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), како и за кривичните дела Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем) и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5.

„Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе итна постапка против осомничениот за кого беа поднесени две кривични пријави од МВР – Сектор за внатрешни работи Скопје.

Врз основа на првата пријава произлезе основано сомнение дека осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, во периодот од декември 2019 година до 16 јануари 2020 година и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице. Притоа, тој не го почитувал Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство, односно и покрај судската забрана постојано психички ја вознемирувал и и се заканувал.

Од втората кривична пријава произлезе основано сомнение дека осомничениот, во временскиот период од ноември 2019 година до 13 јануари 2020 година, по пат на информатички систем им се заканувал на две оштетени дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку СМС пораки и мобилни апликации, па оштетените се почувствувале дека им е загрозена личната и сигурноста на нивните семејства, соопшти Обвинителствот.

 

 

Тој вчера беше приведен и задржан во полиција.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...