Две кривични пријави, во брза постапка, заработи Емил Јакимовски кој вчера беше приведен по пријава за семејно насилсто.
Како што соопшти МВР, денеска Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по претходни извршени консултации со ОЈО Скопје, поднесе две кривични пријави против Е.Ј.
– Едната кривична пријава е за сторени две кривични дела и тоа “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 2 од КЗ и “Неизвршување на судска одлука” по чл. 377 став 5 од КЗ. Втората кривична пријава е исто така за сторени две кривични дела “Загрозување на сигурноста” по чл. 144 став 4 од КЗ.
За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи.