Пронајден експлозив во семеен дом во Крушево

329

Во семеен дом на улица „Партизанска“ во Крушево вчера попладне бил пронајден експлозив.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 16.30 часот во Полициска станица Крушево, М.Р.(64) од Словенија пријавила дека во семејниот дом на ул.„Партизанска“, во сопственост на нејзиниот починат брат Р.М. од Крушево, пронашла експлозив.

За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување.

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...