Скопското јавно обвинителство повело постапка против заканувачот на новинарките и ексвработен во Централен регистар Емил Јакимовски.
Од обвинителството соопштија дека повелепостапка против едно лице за загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство.
– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем), како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5, соопшти Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.