По 11 години уапсен разбојникот на Прокредит Банка

2147

Лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на Прокредит банка по кого била распишана потерница, вчера бил уапсен во Тетово во „Палма Мол“, во ресторанот Емпириум, по што бил спроведен во ПС Тетово од каде бил спроведен во ПС Кисела Вода по што бил спроведен во КПУ Идризово, пренесува „Курир“.

Тој е осуден на 8 гoдишна казна затвор за вооружен грабеж кој се случи во Скопје во 2009-та година. Фатен е од „тигрите“ во Тетово, по претходна дојава. Рустеми Идриз, (И.Р) е еден од ограбувачите на Прокредит банка.Тогаш од експозитурата на Прокредит Банка беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со калашникови ранети беа тројца полицајци.

За време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Кривичниот суд во февруари 2010 година му изрече казна затвор од осум години на Флорим Малоку од Косово, првообвинет за грабежот на Прокредит банка, во центарот на Скопје. Иста казна добија и Идриз Рустеми и Авдиљ Тахири, на кои им се судеше во отсуство, додека Бислим Тахири за помагање заработи пет години затвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...