Трамп: Таканаречениот врховен лидер Хамнеи да внимава што зборува

324

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер му порача на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи да внимава што зборува. Реакцијата на Трамп уследи откако ајатолахот го нарече „кловн“.

– Така наречениот врховен лидер на Иран, кој неодамна не беше така врховен изјави некои грди работи за САД и за Европа. Нивната економија се распаѓа, а нивните луѓе страдаат. Би требало да биде повнимателен со своите зборови – напиша Трамп на Твитер.

Ајатолахот Хамнеи, кој вчера ја водеше петочната молитва првпат од 2012 година изјави дека „западните земји се премногу слаби за да можат да ги фрлат на колена Иранците“, при тоа додавајќи оти официјален Техеран е подготвен да преговара со Западот, но не и со САД.

Тој го нарече Трамп „кловн“, кој се преправа дека го поддржува иранскиот народ но „ќе му забие отровен бодеж“ во грб.

Ајатолахот Хамнеи (80) ја извршува должноста од 1989 година и го има последниот збор во сите главни одлуки

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...