Децата родени во Злокуќани ќе станат Скопјани

886

Децата родени  во периодот од април 2010 до декември истата година во болницата „Систина“ – Злокуќани или во друга приватна здравствена установа на територијата на Скопје ќе станат Скопјани, наместо како досега Злокуќанци.

Синоќа во Собранието беа изгласани измените на Законот за матичната евиденција со кои се овозможува постапката за исправка на местото на раѓање во матичната книга на родените, ретроактивно за децата родени во тој период.

– Денес усвоен и законот со кој родителите на децата родени во 2010 година во Систина и други здравствени установи на територија на град Скопје може да побараат измена и како место на раѓање на нивните деца да биде заведен градот Скопје! По објавување на законот во Службен весник, родителите можат да поднесат барање за измена во изводот од матична книга на родени!, напиша синоќа на Фејсбук министерката за правда Рената Дескоска.

Овие измени се во насока на решавање на проблемот со децата родени во болницата Систина во посочениот период а на кои во изводот од матичната книга на родените како место на раѓање впишано им е Злокуќани, а не градот Скопје. Со тоа ќе се овозможи промена на местото на раѓање од Злокуќани во Скопје ретроактивно за децата родени во горе посочениот период.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...