Ве познавам, ве знам од телевизија. Вака вработен во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Берово, му одговари на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски кога тој ненајавен денеска ја посети подрачната.
Трипуновски посетата на вработените кои ги контролираше дали се дојдени на работното место ја овековечи со видео кое го постави на својот Фејсбук профил.
Откако ѕирна во сите канцеларии Трипуновски влезе и кај раководителот, кој изненаден го праша што значи снимањето. Трипуновски му одговори дека тој е заменик-министер и тој го нарачал снимањето.