Во Белград вечерва со истрел во главата е убиен 41-годишниот Марко В. пред неговата сопруга и детето.
Непознат маж му се приближил пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и две деца биле со него во моментот на егзекуцијата, јавува Телеграф .рс.
М.В. е Црногорец роден во Котор. Со години работел како морнар на прекуокеански бродови, пренесува Телеграф.