Полицијата попладнево потврди дека Емил Јакимовски е приведен во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство.
– Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје, соопшти МВР.
За Јакимовски претходно имаше пријави до полицијата од новинарките Мери Јордановска од А1он и Искра Коровешовска од ТВ Алфа за навреди и закани преку социјалните мрежи.