ДУИ насмеана, Груби се пофали: Ветено сторено!

4875

Пратеникот на ДУИ Артан Груби на Фејсбук се пофали дека 100 отсто испорачале од ветеното во партиската програма. Тој сподели и форографија на која заедно со колегите пратеници и лидерот Али Ахмети насмеани гласале за измените на законите за вработените во администрацијата и во јавниот секторза

– Супер добра вест, ДУИ испорача 100% од ветената програма на изборите во 2016 година:

Како што ветивме вчера, но и порано, денес во Собранието ги усвоивме промените на законите за вработените во администрацијата и во јавниот сектор. Промените овозможуваат:

Признавање на дипломите за сите оние административци во државниот и јавниот сектор кои се вработени со средно образование и кои во меѓувреме дипломирале на факултет. Тие ќе ја добиваат својата плата според нивото на образование што го поседуваат.
Станува збор за сите вработени според овие два закони во централната и локалната самоуправа, образованието, науката, културата, здравството, работата и социјалната политика, агенциите, фондовите, јавните институции итн.

Унапредувањето во работните места повеќе не е спречено од хоризонталните движења на различни работни места. Ова го отвора патот за заслужен напредок на многу административци, напиша Груби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...