Пред неколку години кога се појави со перика која ѝ го покриваше целото лице и запеа, го остави светот со прашалник на главата и успешно го криеше својот идентитет за да може анонимно да го создава. Деновиве, Сиа одлучила да ги сподели најинтимните детали од животот.
Во интервју за „Џеј-Кју“ рекла дека неодамна посвоила син и дека донела одлука да биде сингл до крајот на животот. Исто така, Сиа рекла дека минатата година му пратила порака на диџејот Дипло, која гласела:
– Оваа година му се јавив со порака и му реков: „Еј, слушај, ти си еден од петте луѓе што сексуално ме привлекуваат и сега кога решив да бидам сама до крајот на животот и посвоив син, немам време за врска… ако си заинтересиран за секс без обврски, јави се“ – објасни славната Австралијка во телефонското интервју за познатиот магазин.
Откако признала дека постои необична сексуална хемија помеѓу неа и славниот диџеј, јавноста не престанува да се чуди, бидејќи не го крие својот ентузијазам околу развојот на нивниот однос.
Освен отворениот повик за сексуален однос и сознанието дека не планира да има врска или брак до крајот на животот, Сиа ја извести јавноста дека неодамна стана мајка, односно посвои син.