Нов рекорд: „Врба“ на Манчевски ја надмина бројката од 30.000 гледачи

Во ми­на­тото, во вре­ме­то пред ин­тер­нет-стри­минг ге­не­рал­на­та по­се­те­ност на си­те ки­ноп­рет­ста­ви бе­ше на дру­го ниво. На при­мер, фил­мот „Пра­шина“ на Ман­чев­ски по­с­тави ре­корд со 120.000 гле­да­чи во 2001 го­дина.

381

Шес­ти­от иг­ран филм на ре­жи­се­рот Мил­чо Ман­чев­ски „Врба“ ја над­ми­на број­ка­та од 30.000 гле­дачи, што е ре­корд во Ма­ке­до­нија. Ова е нај­гле­дан филм во држа­ва­та за 2019 го­дина, над­ми­ну­вај­ќи ги и хо­ли­вуд­ски­те блок­бас­тери. „Врба“ е и нај­гле­дан ма­ке­дон­ски филм во по­следни­ве го­дини.

Во ми­на­тото, во вре­ме­то пред ин­тер­нет-стри­минг ге­не­рал­на­та по­се­те­ност на си­те ки­ноп­рет­ста­ви бе­ше на дру­го ниво. На при­мер, фил­мот „Пра­шина“ на Ман­чев­ски по­с­тави ре­корд со 120.000 гле­да­чи во 2001 го­дина.

„Врба“ од не­о­дам­на се при­ка­жу­ва во Ки­но­тека. Не­о­дамна, пред препол­на сала, ре­жи­се­рот Ман­чев­ски се вклу­чи во раз­го­вор со пуб­ли­ката, кој го мо­де­ри­ра­ше фил­мска­та кри­ти­чар­ка Ма­ри­на Кос­това. Раз­го­во­рот тра­е­ше по­ве­ќе од еден час и во не­го беа дис­ку­ти­ра­ни ас­пек­ти од „Врба“, но и од тво­реш­тво­то на Ман­чев­ски во­оп­што.

По свет­ска­та пре­ми­е­ра на цр­ве­ни­от ќи­лим на Ме­ѓу­на­род­ни­от фил­мски фес­ти­вал во Рим, ка­де што бе­ше при­мен со пет­ми­нут­ни ова­ции, фил­мот ја има­ше ма­ке­дон­ска пре­ми­е­ра на 1 но­ем­ври и от­то­гаш ги пол­ни ки­но­са­ли­те низ це­ла Ма­ке­до­нија. Ми­на­ти­от ме­сец од „Си­неп­лекс“ об­ја­ви­ја де­ка „Врба“ е нај­гле­да­ни­от филм во нив­на­та ис­то­ри­ја во­оп­што. Дис­три­бу­те­рот на фил­мот го при­ка­жа фил­мот во по­ве­ќе од 20 гра­да во држа­вава.

По­ра­ди по­пу­лар­нос­та на фил­мот од „Си­неп­лекс“ и од Ки­но­те­ка об­ја­ви­ја де­ка „Врба“ се вра­ќа на нив­ни­от ре­пертоар. „Врба“ ќе иг­ра во два тер­ми­на днев­но (18 и 20 ча­сот) и тоа во: втор­ник 21 ја­ну­ари, сре­да 22-ри, пе­ток 24-ти, са­бо­та 25-ти, втор­ник 28-ми, сре­да 29-ти, чет­врток 30 ја­ну­а­ри (са­мо во 17 ча­сот) и са­бо­та 1 фев­ру­ари. Фил­мот ќе про­дол­жи да се при­ка­жу­ва и низ Ма­ке­до­нија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...