Во Ресен во шума пронајдено лице обесено на дрво

266

Во Ресен над објектот на Средното училиште во борова шума, вчера во 19.30 часот било пронајдено лице засега со неутврден пол, обесено на дрво, чиешто тело било во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.

По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...