Хари Мегваер е официјално новиот капитен на Манчестер Јунајтед.
Централниот бек, кој е само половина година во составот, ја наследува лентата од Ешли Јанг, кој ќе ја продолжи кариерата во Интер.
Веста за Мегваер ја потврди менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.
– Хари е капитен. Сè за него кажува дека тој е лидер. Хари ќе продолжи да ја носи лентата, рече Солскјер.
Досега во сезоната капитени биле Маркус Рашфорд, Давид Де Хеа и Џеси Лингард.
До летото, носител на лентата беше Антонио Валенсија.
ФОТО: EPA / PETER POWELL